🏠Дома🛍️Производи☰Категории🛒Кошница

Услови за користење

(Општи услови)

Информации за начинот на користење

Со овие општи услови за користење во понатамошниот текст ,,Услови за користење’’ се уредуваат правата и обврските на посетителите и корисниците на веб-страницата info@biserimport.mk, основана од Трговско друштво за производство, трговија и услуги увоз-извоз РИДЕР- БИ ДООЕЛ Охрид, со седиште на улица ,,7-ми Ноември’’ број 181 Охрид.

Со пристапување, прелистување или користење на веб страницата, корисникот потврдува дека ги прочитал разбрал и ги прифаќа наведените услови.

,,Корисник’’ е секое физичко или правно лице кое ја користи веб страницата, а согласно потребите на страницата кои се определени согласно политиката за приватност. Корисникот се обврзува да ја користи веб страницата согласно наведените прописи и правила.

Забрането е

  • Внесување на лажни податоци
  • Неовластен пристап до страницата
  • Нарушување на безбедноста на веб страницата
  • Користење на веб страницата спротивно на условите предвидени за користење
  • Користење на туѓ идентитет и туѓи лични податоци
  • Нарачување производи без намера за нивно превземање или плаќање
  • Секаков вид на злоупотреба на веб-страницата
  • Објавување и испраќање навредлива, заканувачка, измамничка или незаконска содржина
  • Повреда на правата на интелектуална сопственост на трговецот или на трети лица

Корисничка сметка

Веб страницата користи сметка и овозможува регистрација, а корисникот е должен да обезбеди точни, целосни и ажурирани информации.

Корисникот е одговорен за доверливоста на своите пристапни податоци и за сите активности преземени преку неговата сметка.

Компанијата има право да ја суспендира или избрише корисничката сметка доколку утврди злоупотреба на овие услови.

Интелектуална сопственост

Сите текстови, фотографии, графики, логоа, марки, дизајни, бази на податоци и останати содржини на веб страницата претставуваат сопственост на Компанијата или на нивните носители на права.

Без претходна писмена согласност не е дозволена нивно копирање, репродуцирање, дистрибуирање, изменување, јавно прикажување или користење за комерцијални цели.

Информации за производите

Компанијата своите производи ги има истакнато на својата веб страна и истите се достапни и има информации за нивната употреба и цена на истите.

Компанијата го задржува правото без претходна најава да ги измени цените, описите, фотографиите, достапност на производите како и промотивните понуди.

Компанијата не гарантира дека веб-страницата ќе биде непрекинато достапна или целосно ослободена од технички грешки.

Обработката на личните податоци, се врши согласно Политиката за приватност, која претставува составен дел од овие услови, а во смисла на законските одредби од Законот за заштита на лични податоци.

Услови за продажба

Нарачката се смета за прифатена со потврда од компанијата, а купувачот е должен да внесе точни податоци.

Со извршување на нарачката, купувачот потврдува дека сите внесени податоци се точни, целосни и вистинити.

Продавачот го задржува правото да одбие или откаже нарачка во случај на очигледна грешка во цената, недостапност на производот, сомневање за измама, злоупотреба или нецелосни податоци.

Компанијата нема да одговора за неисполнување или задоцнето исполнување на обврските кога тоа е предизвикано од околностите што не би можеле да се предвидат како што се природни непогоди, прекин на електрична енергија, интернет и телекомуникациски услуги, или други настани на виша сила.

Овие услови стапуваат на сила со нивно објавување на веб страницата.